И покрај несомненаната потреба, охридската јавност е поделена околу најавите за продажба на државно земјиште во Охрид за изградба на нови хотели. На анкетното прашање на OhridNews: Дали на Охрид му се потребни нови хотели, 46 отсто од читателите одговориле потврдно, додека 56 проценти го сметаат спротивното.
Неодамна новоформираниот национален комитет за туризам ги повика Министерството за транспорт и врски и општините најбрзо што може треба да изнајдат што повеќе локации за изградба на хотели и други сместувачки капацитети, кои ќе бидат ставени на продажба.
Интерес за изградба на хотелски капацитети во Охрид наводно пројавиле инвеститори од Турција и Средниот исток, меѓу кои беше спомнувано и името на Емирот на Катар, кој деновиве престојуваше во официјална посета на земјава.