И покрај бројните настани од едукативен карактер и јавни трибини кои имаат за цел да ја подгинат свеста кај населението за проблемите кои градот ги има со бездомните животни, и натаму несовесни поединци продолжуваат „игнорантски“ да се однесуваат кон овој децениски проблем.

поединци неетички постапуваат кон животните

Изминатата седмица јавноста преку социјални мрежи беше згрозена од неетичките постапки на поединци, кои низ локалните контејнери „фрлиле“ подмладок од бездомни животни. Овој чин беше осуден не само од активистите на „Анималиа“ и здруженијата за заштита на животните од земјава, туку и од голем број љубители на миленици кои живеат вон границите на Македонија.

Секогаш кога фрлате животинче в ѓубре или го оставате некаде на милост и немилост, не само што правите обид предвреме да му го скратите неговиот живот, туку правите обид и над животот на оној кој се обидел да го спаси, а му починало в раце. Периодов, животот на многу малечки битија на кои се обидовме да им помогнеме, предвреме згасна поради човечка непромисленост и неморал.Се сеќавате на кученцата кои беа фрлени во пакет? Добрата вест е што ја најдовме нивната мајка благодарение на вашата соработка. За жал од сите малечки 9, остана само уште едно, кафеавкото. Долгото отсуство од мајчина прегратка и копнеж по млекце си го направи своето.“ – реагираат од „Анималиа“.

Случајот пријавен во полиција

Активистите на „Анималиа“ велат дека пронајден е злосторникот кој ги фрлил деветте бездомни кучиња во контејнер, а за случајот е известена охридската полиција.

Во интерес на истрагата подетални информации сеуште нема да дадеме, ама ќе го тераме случајов докрај, како би се казнил злосторникот и би делувал како поука за останатите како него да престанат да изигруваат адвокати на ѓаволот.“ – велат од „Анималиа“.

Ригорозна казна за сторителите?

Ригорозна казна сторителите на овој чин кој ја згрози јавноста на социјалните мрежи, бараат сите здруженија од земјава кои се дел од коалицијата „Заедно за животните, заедно за граѓаните“.

Член 233, став (1): Тој што грубо злоупотребува животно или го изложува на непотребни маки или му нанесува непотребни болки или заради изживување го изложува на страдање, ќе се казни со парична казна или со затвор до шест месеци.“  – информираат од „Анималиа“.

Лимитирани капацитети за згрижување на животните

Од „Анималиа“ апелираат да не се повторат овие неетички постапки, со оглед на тоа што Здружението нема доволно капацитет да ги вдоми сите оние животни кои ќе се најдат на улица.

Луѓе, дали знаејќи дека има Здружение за заштита на животни се охрабривте да фрлате маченца и кученца како некоја искористена роба да се или пак стварно вашето срце одамна не чувствува. Ако се продолжи со тоа темпо и условите кои моментално ги немаме, принудени ќе сме како здружение да згаснеме.“ – велат од локалното Здружение за заштита помош и

O.T.