Комисијата за кризна енергетска состојба напоследната седница заклучи дека нема потреба од продолжување на кризните мерки по истекот на првично предвидениот рок 29 февруари, по што ЕВН ќе започне процедура за враќање на јавното осветлување во нормала.
Комисијата информираше дека со мерките на штедење на електрична енергија, од исклучувањето на уличното осветлување и намалувањето на рекламите биле заштедени 6.000 мегават-часови електрична енергија.