За значењето и ефектите од примената на јогата врз кардиоваскуларниот систем ќе се зборува на работилницата што утре, со почеток во 19 часот, ќе се одржи во просториите на општинскиот Црвен крст.

При тоа, ќе бидат презентирани и резултатите од дведецениската примена на јогата во процесот на рехабилитација на пациентите во Заводот за кардиологија.

Работилницата, која ќе ја води професорот по јога, Ванчо Тасески, е отворена за сите заинтересирани кои сакаат да дознаат нешто повеќе за јогата и ефектите од нејзината примена.

Настанот е во заедничка организација на Црвен Крст – Охрид и Јога секција – Охрид .

OhridNews