„Зелено светло“ за предвремено ослободување на Јохан Тарчуловски, дал трибуналот во Хаг, според дописот со кој се потрврдува дека Тарчуловски ќе биде ослободен по 19-ти април, пренесува „Утрински весник“.

Според неофицијалните информации на овој медиум, известување одело по дипломатски пат, односно преку амбасадата на Германија и Министерството за надворешни работи. Во известување било наведено дека постоела согласност за предвремено ослободување, но се чекало одлуката да биде формално донесена со амин од тамошните власти.

Инаку, Тарчуловски шест години беше затворен во Шевинген, а две години во затворот Диц, Германија. По одлежување на две третини од 12 годишната казна, тој го искористи правото за условно одлежување.

OhridNews