Вториот пораз „бебињата“ на Дејвид Мојс го претрпеа на гостувањето во Јапонија кај Јокохама со 3-2. Претходно „ѓаволите“ изгубија од тајландски ѕвезди со минимални 1-0.
Мојс на мечот со јапонците на теренот изваде „шарена“ постава, но тоа не е никаков изговор за поразот на Јунајтед, кој од оваа сезона започна нова ера по заминувањето на Сер Алекс Фергусон од клупата.