Мирсад Јонуз доби нов две годишен мандат да ја води најдобрата фудбалска репезентација во наредниот квалификациски циклус за ЕП 2012г. Вака одлучи новиот УО на ФФМ кој денес во Скопје ја имаше првата конситутивна седница.


На седницата беа прифатени одлуките на Комитетот за итност на ФФМ. Формирана е кадровска комисија во состав: Кенан Идризи (претседател), Лазар Нанев, Илија Китановски која се задолжува во најкраток рок да поведе постапка за Избор на генерален секретар на ФФМ.

ohridnews