Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Мирсад Јонуз ги одреди 11- та кои утре ќе истрачаат на стадионот во Гуангжу против Кина.
Македонија : Богатинов, Тодоровски, Лазевски, Глигоров, Мојсов, Таневски, Фетаи, Демири, Кировски, Алими и Маневски.
Селекторот Јонуз смета дека македонските репрезентативци се во добра форма и ќе се прикажат во добро издание во овај пријателски тест меч. – Од натпреварот со Естонија можевме да забележиме дека селекцијата на Кина располага со брзи и подготвени играчи, кои исто така се и технички подготвени. Играат на домашен терен пред својата публика но тоа не значи дека имаат предност. Нашите фудбалери се адаптираа на кинеско време и се добро мотивирани да докажат дека можат да се носат со силни репрезентации како оваа на Кина. Температурата од околу 20-22 степени е идеална за добра фудбалска претстава на која верувам ќе видиме и голови. Ова е само тест натпревар за обете репрезентации и ќе биде без дополнителен психолошки притисок. Во нашиот тим очекувам сериозен настап од сите репрезентативци како да се работи за квалификациски дуел – вели Јонуз.
За дуелот со Кина, капитенската лента се очекува да ја понесе крилниот офанзивец Александар Лазевски, тој на пресконференцијата рече: – Немаме претходно искуство кога е во прашање настап во Кина, но од она што можевме да го видиме очигледно е дека се работи за солидна селекција која игра добар и организиран фудбал. Денеска нема слаби репрезентации. По скромниот настап на претходното гостување време е да ја оствариме првата победа на кинеска територија. Се надеваме на фер-плеј игра и фер судење што ќе ни овозможи на двете селекции да се прикажеме во најдобро издание.
Натпреварот се игра во 12.30ч. по македонско време на олимпискиот стадион во Гуангжу.
Ноќната трка која ќе се одржи вечер со почеток во 21 часот ќе го означи стартот на 10-то јубилејно издание на спортската манифестација „Охрид трчаТ“, која има богата програма утре и во недела кога ...
Од 5 до 7 јуни Охрид по 10ти пат повторно ќе живее во ритамот на трчањето, забавата и дружењето Над 2700 тркачи од 31 држава од светот ќе бидат дел од јубилејното 10 издание на атлетскиот викенд „О...
На 06-ти јуни (сабота), по повод Денот на Европа, ќе се одржи меѓународна велосипедска тура со над 80 учесници и дипломатски претставници во организација на Европска куќа од Струга Колоната, како ш...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.