Националниот тим на Македонија синоќа на теренот на Селтик го одржа и првиот од двата планирани тренинга во Даблин во пресрет на квалификацискиот дуел со селекцијата на Р. Ирска (26.03-20.45ч). Според селекторот Јонуз, играчите засега се максимално посветени на овој натпревар и добро е што здравствениот билтен е на завидно ниво па можеме да го составиме на најдобриот состав.


– Сигурно дека ирците ке играат на единствената можна опција за нив а тоа е да забележат победа која ке им значи голем чекор кон целта. Од друга страна токму тука ние, стпрливо ќе ја чекаме нашата шанса за изненадување. Очекувам максимално пожртвувана игра во сите линии. Брза трансформација на играчите од нападот во засилен среден ред и обратно. Нашата формација ке биде изразито офанзивна и очекувам голови во мрежата на противникот – истакна селекторот Јонуз

Меѓу стратерите ќе го нема Митрески а според Јонуз идеалните 11 се : Нурединоски, Шиков, Попов, Грнчаров, Новевски, Шумуликоски, Демири, Тасевски, Наумовски, Пандев и Тричковски.

Ohridnews