Јонуз: Ќе се стремиме кон секое место што води до Европското првенство
10.02.10 19:15
Селекторот на Македонија, Мирсад Јонуз во пресрет на квалификациите за пласман на Еуро 2012 изјави дека не е преоптоварен од рејтинзите на другите репрезентации во групата Б, јави макфакс. Според Јонуз, секое место што води на европското првенство ќе биде успех, и ние како селекција ќе се стремиме кон тоа.
„Доколку хипотетички видиме дека немаме шанси за пласман јас ќе бидам ист како и другите, ќе се сметам за неуспешен“, изјави Јонуз.
Селекторот побара од владата јужната трибина од Арената Филип Втори да биде подготвена пред претстојните пријателски натпревари и квалификациите со потребното осветлување бидејќи термините за одигрување на натпреварите ќе бидат од 18 до 21 часот, а исто така да бидат заменети столчињата на самата трибина.
„Нашите услови не дозволуваат во почетокот да одиграме дерби натпревар на домашен терен со сегашните услови на трибината и ќе бидеме приморани првите два натпревари да ги одиграме во гости, па наредните два во октомври да ги одиграме дома“, изјави Јонуз.
Селекторот Јонуз за групата истакна дека е тешка група но, група во која можеме да се надигруваме со сите. Според зборовите на селекторот играчите побарале првиот натпревар против репрезентацијата на Русија да го одиграат во Москва.
Јонуз е подготвен да направи отстапка во наредните три месеци за сите играчи кои не биле стандардни за да се најдат на списокот, но не и по јуни а како пример го посочи Величе Шумуликовски кој наскоро ќе побара позајмица во друг клуб за да може да игра, а истиот проблем го има и Роберт Попов.
Селекторот како ново потенцијално засилување го посочи, Александар Тодоровски кој игра на позицијата десен бек, и ќе дебитира против Црна Гора, а во игра е и фудбалер на Магна со македонско потекло кој моментално е следен од Јонуз.
Селекторите на сите репрезентации во групата Б на 18 февруари ќе се состанат во Москва, но во игра е и Братислава, каде што ќе се одредат датумите за одигрување на квалификациските натпревари.
Покрај пријателските натпревари со Црна Гора во Скопје и Малта во Ла Валета, на 28 или 29 мај Македонија ја очекува пријателски натпревар по завршувањето на домашното првенство со Босна и Херцеговина, Јужна Кореа или Луксембург а на 11 август натпревар против Малта во Ла Валета.
Ohridnews
Copyright 2010 makfax. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со макфакс.
Пионерите на ГРК Охрид ги совладаа врсниците од Еурофарм Пелистер 2 со 12:21 во финалето од Пионерската лига што се одигра вечерва во Битола Трајчески и Колески постигнаа по 6 гола, Спироски постиг...
Ракометните надежи на ГРК Охрид се пласираа во финалето на Ф4 турнирот и ќе се борат за титулата во Пионерската лига Попладнево во полуфиналето од Ф4 турнирот што се игра во Битола, младите “...
Охридскиот супер херој Марко Пејчиновски дел од документарниот филм посветен на убавините на Охридското Езеро Го снимив мојот дел за документарниот филм за Охридското Езеро – дел од серијата ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.