Mечот со Кина ќе биде одлична можност за дел од репрезентативците од поширокиот состав да се наметнат за место во продолжението на квалификациите за ЕП 2012 година. Новина во нашиот тим ќе биде Демири од швајцарскиот Тун кој треба да ја зголеми конкуренцијата во средниот ред.


Поради обврски патувањето го откажа Владе Лазаревски а на негово место го повикавме Перица Станчески кој беше селектиран претходно во младата репрезентација. Моја намера беше да ги соберам дел од играчите кои претходно настапуваа во младата репрезентација и барем по еден играч од првите четири пласирани тима во домашното првенство. Со ова кругот не е затворен – вели Мирсад Јонуз.

Собирот на репрезентативците е следниот петок во хотелот Стоун Бриџ. На
18-ти Декември експедицијата преку Истанбул патува за Хонг Конг од каде
ќе продолжи со локален лет до градот Фуо Шан каде на 22-ри декември се
игра натпреварот.

Ohridnews