Натпреварот што ќе го одиграме со соодветната селекција на Албанија ќе го искористиме за тестирање, промовирање и давање шанса на оние фудбалери кои малку играле за репрезентација, како и за проверка на некои дебитанти во репрезентацијата – истакна селекторот Мирсад Јонуз по објавувањето на списокот за пријателскиот меч со Албанија.


Од репрезентативни обврски за овој натпревар ослободени се некои играчи што поради повреди, замор и згуснат распоред на натпревари во своите првенства и тоа: Пандев, Попов, Наумоски, Ристиќ, Деспотовски, Грнчаров, Георгиевски, Новески.

Новите кандидати Бајрам Фетаи, Горан Тодорчев како и Агрон Мемеди и Кристијан Кировски од нашето првенство треба да докажат со својот квалитет дека може да се наметнат за А Репрезентација– смета Јонуз.

Со повикувањето на фудбалери од Првата Лига селекторот сака да прати мотивирачки сигнал до домашните играчи да повеќе да се ангажираат на своите натпревари како би можеле да се наметнат и за повик за А- Репрезентација. Во случај на некоја повреда во викенд натпреварите или непредвиден отказ ќе биде повикан играч од домашно првенство.

OHridnews