Селекторот  Мирсад Јонуз кој натпреварот помеѓу Македонија и Ирска го следеше во друштво со селекторите на селекциите до 15 и 17 години , Гоце Петрески и Менсур Јакупи, ја истакана потребата младите селекции да играат во 4-3-3 системот кој го практикува “А“ репрезентацијата.

– Играњето во овие селекции во систем 4-3-3 дали во фаза на напад или во одбрана ни дава еден препознатлив напаѓачки стил на игра. Така, за фудбалерите ќе биде многу полесно и во наредниот период кога ќе се префрлат во повозрасните категории, каде што ќе ги чека веќе усовршен таков систем, па потоа и ќе биде полесно за селектирањето на играчите за најсилната репрезентација. Мора да ја менуваме психологијата и на некој начин да ги насочуваме овие момчиња да даваат голови – рече Јонуз во Охрид.

 
За разлика од нас, екипите од островото имаат своја физономија.

– Она што го кажав за нас, кај нив со години се прави. Еден систем на игра базиран на дисциплината и скок играта која сите ја негуваат, тоа е она што не се менува ниту во клубовите ни во репрезентација – заврши Јонуз.

М.П.