Играчот од средниот ред на швајцарскиот Тун, Мухамед Демири и голманот Мартин Богатинов ја искористиja пружената шанса на мечевите со Албанија и Кина и се најдоа на списокот на селекторот Мирсад Јонуз за генералната проба пред можеби одлучувачкиот натпревар од квалификациите против Р.Ирска во Даблин.
Тасески е повратник во составот, кој иако не се покажа пред Јонуз поради повредата на загревањето на мечот со Албанија, добива можност да не убеди во неговите квалитети. Четата на Јонуз, останува тенка во средниот ред, каде покрај стандардните Шумуликоски и Деспотовски, принудно ќе мора да играат Лазевски или евентуално Лазаревски.
Во нападот се враќа најдобриот стрелец Горан Пандев, а во комбинација се уште Наумоски, Тричкоски и Ристиќ.
Од стнадрдните поради немањето на ангажман го нема Марио Ѓуровски (два гола во квалификациите) и Бајрам Фетаи кој остави солиден впечаток на пријателските средби, но неговата “слобода“ го чини изостанување од списокот за мечот со Камерун.
На мечевите со Албанија и Кина , Јонуз ги задоволи апетитите на македонските менаџери, повика една плејада на играчи, па сега се враќа на стандардните фудбалери кои пак досега не донесоа кој знае какви резултати. Четири бода од четири средби.
Камерун е силна репрезентација, на ФИФА листата се наоѓа на 37 место , но селекторот уште одамна рече дека не го интересира падот на рејтингот, туку играта која ќе ја пружат репрезентативците.
Одамна не не’ пленале со играта (освен второто полувреме на мечот со Русија), па на престојните два меча еве прилика и селекторот и фудбалерите дека не убедат дека имаме квалитет , а не само желба да бидеме дел од едно големо натпреварување.
Веслачките на Горица Ремо со извонреден успех на Меѓународната регата Војводина опен во Палиќ, која се оддржа по 63 пат Со 5 одличја се закитија веслачките Александра Маленкоска и Исабела Димовска,...
Вевчани повторно беше домаќин на голем број љубители на планинскиот велосипедизам каде успешно се одржа традиционалната Планинска вело тура „Вевчанска Голина – Локва 2025“ Настанот го организираа Е...
Под мотото „Ракометниот терен е мојот свет“, вчера попладне стартуваше четвртото издание на ракометниот камп „40х20“ во Охрид По пристигнувањето, сместувањето и задолжувањето со опрема, деведесет м...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.