Нема ништо да експериментираме. Шанса ќе им укажам на сите поканети
кандидати, вклучувајќи го и дебитантот Тодоровски. Развојот на настаните
на теренот и резултатот ќе ги диктираат измените
– вели селекторот
Јонуз, во пресрет на пријателскиот натпревар на Македонија против Црна Гора среда (14:30 ч.) на Филип Втори арената во Скопје.

Во полн состав Јонуз ќе го одработи само денешниот тренинг, кој ќе биде одработен во  во групи, бидејќи дел од репрезентативците се во натпреварувачки ритам, а за другите првенствата допрва почнуваат.

– Тајмингот за подготовки е многу кус. Важно ни е да видиме во каква натпреварувачка форма се кандидатите. Ќе се обидеме да одиграме според системот по кој треба да бидеме препознатливи во новиот квалификациски циклус – вели Јонуз.

Со утрешниот прв контролен натпревар за годинава Македонија ги почнува подготовките за квалификациите за ЕП 2012, кои ќе стартуваат во септември. Покрај Македонија во Б-групата, уште се Русија, Словачка, Република Ирска, Ерменија и Андора.

Ohridnews