Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Мирсад Јонуз од трибините на националната арена “Филип  Втори “ ќе командува со својот тим за време на квалификацискиот натпревар против Ерменија.


Јонуз го очекува суспензија откако на првиот натпревар против Словачка на гости заработи црвен картон, по расправијата со главниот судија по исклучувањето на Шиков. Селекторот тогаш втрча в терен за да ги “смири“ страстите долеа масло на огнот по што заедно со Шиков мечот го проследија од тунелот.


Македонската репрезентација на мечот со Ерменија, ќе ја предводи Влатко Костов.

Фото “Македонски Спорт“
Ohridnews