Две три измени во составот во однос на средбата со Словачка и враќање на офанзивната формација 4-3-3, најави селекторот Мирсад Јонуз во пресрет на денешниот натпрвар против репрезентацијата на Ерменија.

Поради повреда и жолти картони од обврските се ослободени Стојков и Шиков, а по исклучувањето селекторот Јонуз е суспендиран, па селекцијата од клупата ќе ја предводи првиот помошник Влатко Костов.

Поразот од Словачка дојде како сплет од неколку несреќни моменти, но и денес тврдам дека конечниот резултат го скрои главниот судија кој мораше да ги остави обете селекции да го доиграат натпреварот во комплетни состави. – смета Јонуз


Репрезентацијта на  Ерменија,  е доста незгодна репрезентација. Селекторот и македонските репрезентативци ја прегледале снимката од средбата со Ирска која заврши со победа на избраниците на Трапатони, и го воочиле слабостите на нашиот противник.

Нивната игра се базира на контра напади но имаат доста слабости во одбраната кои ние треба да ги искористиме. Носители на нивната игра се играчи од поранешната селекција до 19г. која играше на ЕП и која играше против македонската селекција до 21г. кога јас ја предводев оваа репрезентација – изјави селекторот Јонуз .


И капитенот Пандев и Новевски велат дека се` уште се под пресија од незгодниот пораз во Словачка , особено што по една голема борба наместо заслужена награда дојде несреќниот пораз:

Мораме да ги консолидираме редовите, да се обидеме први да го отвориме резултатот и со мудра игра да дојдеме до победа која многу ќе значи за успешно продолжување на квалификациите, категорични се искусните репрезентативци.

Натпреварот на Националната арена „Филип Втори“ се игра со почеток во 20ч. Судиската четворка е од Норвешка на чело со Еспен Бернтсен.

OhridNews