Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Мирсад Јонуз, се уште жали за пропуштената шанса, да се освојат бодови против фаворизираната Русија. Инстиктивно сметал дека Ѓуровски, а не Наумоски треба да го бие пеналот кој се покажа како одлучувачки момент во мечот.


– По фаулот над Наумоски и досудениот пенал, прво што ми дојде на ум беше Марио Ѓуровски да го изведе ударот. Прво, затоа што по некое непишано правило, оној над кого е направен пеналот не го изведува ударот и, второ, Ѓуровски одлично ги шутира пеналите за Војводина. Но, Наумоски веднаш тргна со топката кон белата точка, а, искрено, бев убеден дека ќе го реализира. Претходно, тој имаше одлична серија на реализирани пенали за својот Матерзбург – вели селекторот во изјава за “Вест“.


Македонија по четирите одиграни рунди има само четири бода и се наоѓа на петотто место на табелата. Наредниот меч ќе биде пријателски и тоа на 17 ноември против Албанија во Корча.

OhridNews