Јонуз : “Предизвик да се игра против репрезентација Ју – просторите“
22.02.10 12:01
Македонската фудбалска репрезентација ќе го има првиот тест во новата 2010 година. Според селекторот овај меч е добра прилика на нашата репрезентација да пред публиката во Скопје да одигра еден добар контролен натпревар со противник кој што има добри квалитети.
– За нас овој натпревар значи нов предизвик и инспирација но и прилика да тимот уште подобро го воиграме а и да се реваншираме за поразот во Подгорица. На списокот се играчи кои во изминатиов период добиле шанса и заслужуваат да бидат повикани, единствено ново име е играчот на ФК Рад од Белград 25-годишниот Александар Тодоровски кој што игра на десна бочна позиција. – изјави селекторор Мирсад Јонуз по објавувањето на списокот за официјалната веб страна на ФФМ.
Собирот е во понеделник во 10.00 часот во Хотел Александар Палас а до натпреварот ќе се одржат два тренинга. Во текот на неделава ќе биде објавено на кои терени ќе се одржат бидејќи желба е да се сочува теренот на “Арената Филип II“ во одлична состојба за самиот натпревар.
– Во ова фаза повеќето од фудбалерите се наоѓаат на отпочнување на втор дел на првенството така да овој натпревар за нас а верувам и за гостите ќе биде прилика да видиме во која форма се фудбалерите. Секогаш е предизвик да се игра против репрезентација која доаѓа од бившите ју-простори а посебно кога во своите редови имаат играчи како Вучиниќ, Вукчевиќ, Бошковиќ, тоа ќе биде дополнителен мотив да прикажеме убава игра и оствариме нова победа – истакна Јонуз.
УЕФА денеска ја изврши ждрепката на групите за новата сезона во фудбалската Лига на нации Македонија ќе игра во групата 1 во Б дивизијата заедно со репрезентациите на Шкотска, Швајцарија и Словениј...
Украинскиот скелетон-пилот Владислав Хераскевич нема да може да настапи на денешната трка во рамки на Зимските олимписки игри Милано-Кортина 2026, откако одби да се придржува кон “насоките за...
Пред се мислам дека екипата на Дукла Прага е една сериозна екипа која игра во Чешкото првенство и се бори за титула Мислам дека нема да ни биде лесно, но ќе дадеме се од себе да оствариме пред се ш...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.