По направените анализи на играта на Ирска во гости, која сосема се разликува од онаа на домашен терен против Ерменија (1:0) и Словачка (1:1) селекторот Мирсад Јонуз смета дека  со побрза игра  ќе се бараат трите бода значајни за што подобар пласман во нашата квалификациска група за пласман на ЕП 2012.

На списокот се ставени и двајца брзи напаѓачи (Стојков и Фетаи), а списокот за овој натпревар е изменет од тактички причини. Фокусот на нашата игра ќе биде освојување на просторот преку точна пас игра создавање на прилики за постигнување  гол, а во исто време очекувам мотив повеќе кај репрезентативците на првиот наш натпревар на новата Арена „Филип Втори“ и огромна подршка од нашите верни навивачи кои се надевам ќе го наполнат стадионот до последно место – вели селекторот Мирсад Јонуз.

Последни на собирот кој започнува на 30 мај во Охрид, ќе се приклучат Пандев, Попов и Деспотовски, кои со своите екипи играат финале на националниот куп во Италија, Украина односно Азербејџан. Доколку се случи некоја непредвидена повреда во периодот до прозивката, ќе биде повикан играч од младата репрезентација.

OhridNews