Селекторот на макеедонската “А“ селекција за пријателскиот натпревар во Корча наредната среда направи еден комбиниран тим, од староседелци, повратници и дебитанти во “црвено – жолтиот“ дрес. По серијата откажувања што поради повреди , што поради барањете на клубовите за дополнителн одмор на повеќето стандардни фудбалери во европските шампионати, Јонуз се одлучи да направи еден микс на фудбалери, од кои очекува да се наметнат за продолжението на квалификацискиот циклус.


Список на играчи:

Голмани : Нурединоски Един Етникос ахнас / Кипар, Богатинов Мартин Работнички / Скопје

Одбрана: Митрески Игор Нефчи / Азербејџан, Мемеди Агрон Ренова / Македонија, Шиков Ванче Етникос ахнас / Кипар, Мојсов Даниел Војводина / Србија, Тодоровски Александар Рад / Србија, Лазаревски Владе Локомотив Астана / Казакстан, Лазевски Александар Партизан / Србија.

Среден ред : Шумуликоски Величе Новосибирск / Русија, Тасевски Дарко Левски Софија / Бугарија, Ѓуровски Марио Војводина / Србија

Напаѓачи : Савиќ Душан Инчеон Јунајтед / Кореја, Тричковски Иван АПОЕЛ / Кипар, Бајрам Фетаи Нордсјиланд / Данска, Илијоски Баже Гангвон / Кореја, Тодорчев Горан Интер Запрешиќ / Хрватска,  Кировски Кристијан Скопје / Македонија.

Ohridnews