– Во март в година сакам да гостуваме во Москва, а во јуни Русија да ни гостува во Скопје. Тоа е моето размислување кое ќе го застапувам во преговорите. Нема да попуштам по цена и да не постигнеме договор, па распоредот за натпреварите да го крои УЕФА – вели селекторот Јонуз пред заминувањето за Москва.
Според него пресметката во овие термини со фаворитот во групата е најповолна, бидејќи поголемиот дел од репрезентативците на Русија играат во домашниот шампионат, кој во тој период ќе биде на самиот старт и нема да бидат во полна натпреварувачка форма.
Дополнителен, ако не и основен проблем за остварување на желбите на Јонуз, е изградбата на Филип Втори арената , која е во реконструкција и изградба на нови трибини на Западната и Источната страна. Квалификациската групата “Б“ во која покрај Македонија, уште се и Русија, Словачка, Р. Ирска, Ерменија и Андроа е неатрактивна и од ТВ-правата ФФМ очекува скромни 250.000 евра.
– Компанијата што ги има ТВ-правата за нашата репрезентација бара
средбите како домаќини да се играат во временскиот термин од 18 до 21
часот. За дуелот со Ирска конкретно посочи да се планира по 20 часот. За
да се исполни ова барање пресметката со Ирска ќе треба да ја сместиме
во термините од 2011 година, до кога стадионот ќе биде комплетиран и ќе
може да се користи осветлувањето – вели Јонуз.
Поради неможноста на стартот од квалификациите да играме под
рефлекторот, Јонуз останува на ставот во септември годинава Македонија
квалификациите да ги почне со еден од аутсајдерите Андора или Ерменија
во дневен термин и да гостува во Словачка или во Ирска.
Покрај селекторот Јонуз во Москва ќе заминат и претседателот на ФФМ, Харалампие Хаџи-Ристески, потпретседателот Кенан Идризи и генералниот секретар Игор Климпер.
Познати се екипите кои ќе се борат за пласман во големото финале на турнирот „Ohrid freed” 2026 Следуваат два полуфинални дуели, четири екипи и само две места во големото финале, велат од ЈП „Билја...
Во рамки на 9-то коло од ракометната Супер лига ГРК Охрид денес гостува кај екипата на МРК Куманово Гладијаторите свесни за квалитетите кои ги поседуваат влегуваат во натпреварот со јасна цел да ги...
Одиграно третото коло од VI Општинско првенство 7 Ноември 2026 во шах, во организација на ШК Ласкер Охрид Во третото коло постигнати се следните резултати: Табела после одиграни три кола на следнио...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.