– Не казни судијата, а во најмала рака заслуживме реми на дуелот со Словачка. Овај натпревар го реши судијата кој на пет минути пред крајот на смешен начин го исклучи Шиков.Повеќе би сакал фудбалерите да одлучуват за конечниот победник, а не судиите – истакна селекторот Мирсад Јонуз по поразот во првото коло од Словачка со 1-0.


Хамшик го погоди надворешниот дел од мрежата на Нурединовски

Македонија со пораз ги започна квалификациите во кои влезе со надеж оти може конечно да направи исчекор и да го надмине резервираното четврто место во квалификациите

.- Немам што да им замерам на момците кои одиграа квалитетно во првиот дел неутрализирајќи ги во целост словаците. Ние бевме тие кои требаше да поведат, но видовте што се случи. Со влегувањето на Јендришек во вториот дел се зголеми притисокот кон нашиот гол. Ние во секој случај треба да го заборавиме овај натпревар и веднаш да се фокусираме на на средбата со Ерменија кој е натпревар кој мора да се добие – рече селекторот.

Задоволен од Нурединовски
– Задоволен сум од настапот на Нурединовски. Добро е што во моментите на повреда на Пачовски сега се издвои со потребната сигурност – смета Јонуз.

(Не)заслужен пораз на Македонија

М.П.