Нема нови имиња на списокот на Јонуз, со проверени сили ќе тестираме против Малта на 11ти август во Ла Валета.

“Овој натпревар што ќе го одиграме во Малта ќе ни овозможи да се подготвиме и одиграме добар натпревар во гости, што воедно значи и подготовки за почеток на квалификациите за ЕУРО 2012, бидејќи првиот натпревар ни е со Словачка во Братислава на 3-ти Септември.Ќе пробаме да спроведеме игра и тактика како против игра на Словачка, која се покажа како многу зрела и силна репрезентација на Светското Првенство во Јужна Африка”- изјави Јонуз за страната на ФФМ.

Списокот за натпреварот против Малта:

Голмани:
Томе Пачовски, Един Нурединовски

Одбрана:
Ванче Шиков, Боби Грнчаров, Игор Митрески, Николче Новески, Владе Лазаревски, Горан Попов

Среден ред:
Арменд Алими, Славчо Георгиевски, Величе Шумуликоски, Филип Деспотовски, Марио Ѓуровски

Напад:
Горан Пандев, Иван Тричковски, Бесарт Ибраими, Илчо Наумоски, Ацо Стојков

Ohridnews