Охридските ракометари в сабота во 19 часот против шампионот на Македонија, Вардар ќе ги започнат мечевите од плејофот во Супер лигата.
„Гладијаторите“ регуларниот дел од сезоната во елитата го завршија на второто место позади Металург кој заедно со Макс Струмица, Прилеп и Работнички се дел од екипите во плејофот.
– Мечот со Вардар е наш најлесен сезонава. Прво не сме фаворити после подолго време сезонава и го немаме оној притисок да победиме, а второ нема што да загубиме бидејќи играме против една од петте најдобри екипи во Европа. – рече Јосип Кежиќ.
Целта на охридските ракометари во плејоф мечевите е пласман во горниот дел од табелата, а голем акцент ќе се стави и на натпреварите во Купот на Македонија.
– Целиме на висок пласман, а најголема шанса да ја крунисаме оваа сезона ќе имаме во Купот на Македонија. Бевме два пати подобри од Тинекс и Прилеп во Супер лигата, но ќе треба пак да одиграме јако и да се пласираме во толку посакуваното полуфинале. – додае хрватскиот интернационалец.
Мх.П.