ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ – Охрид заедно со уште девет градинки од земјава зеде учество на Меѓуанрдоната конференција во Белград, во организација на „Прецеде“ програмата, а во соработка со Првата детска амбасада „Меѓаши“.

Темата на конференцијата беше „Моќта на раниот детски развој во градењето на мирот во Европа“, а предавачи беа истакнати експерти од областа на раниот детски развој од Канада, САД, Ирска, Холандија, Данска.

Инаку, настанот го следеа учесници од Македонија, Србија, Хрватска, Црна Гора, Албанија, Северна Ирска и Косово.

OhridNews