Во Организација на Велосипедскиот Клуб Фанатик од Нови Сад Р.Србија викендов се одржа дваесетиот јубилеен Фрушкогорски Маратон во Планински Велосипедизам. Маратон кој е најголем и со најдолга традиција на Балканот.
Оваа година на стартната рамнина се појавија 192 велосипедисти од 14 земји, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Македонија, Бугарија, Романија, Австрија, Белгија, Германија, Канада и САД.
Маратонот е поделен всушност на три маратони и тоа: Мал со должина од 32км, Среден со должина од 56км и Голем со должина од 81км. Пријавувањето е без категоризација според годините на велосипедистите како што тоа е вообичаено, единствена поделба е категорија мажи и жени.
Секој велосипедист се пријавува според своите способности. Интересно за маратонот е тоа што покрај добрата подготвеност, потребно е добро познавање ориентација на отворен простор, читање ознаки на дрвјата според мапа и своерачно потпишување на контролните точки.
Учесто на овој маратон од Велосипедскиот Клуб Екодром зедоа, Јован Јованоски од машката и Теодора Алексиоска од женската категорија, кои се пријавија на малиот маратон со вкупна должина од 32км, на кој вкупно стартуваа 101 велосипедист.
Јован Јованоски уште еднаш пријатно не изненади со својата подготвеност оваа сезона. Можеби и се очекуваше дека ќе биде прв доколку се биде во ред од техничка страна со опремата но дека ќе го собори рекордот на патеката од 2009 година кој досега го држеше Бриндза Акош со вкупно време од 01:37:27, навистина е големо изненадување. Јован патеката ја помина со вкупно време од 01:34:29, со што е прогласен за нов рекордер и истовремено го собори и рекордот на севкупниот маратон во просечна брзина движејки се со 20,32 км/ч.
Големо изненадување ни приреди и Теодора која со своите 13 години успеа да го заврши маратонот во севкупниот пласман како 85-та, и заслужено да се заќити со бронза во женската категорија.
Од Македонските клубови учество на маратонот зедоа уште клубовите на Енерџи и Е.Б.Т.С од Скопје како и група на индивидуалци од Скопје на средниот маратон со должина од 56 км и вкупно пријавени 75 велосипедисти: како седми заврши Љубиша Кондев од Енерџи, дваесети Милан Џукич, дваесет и први Лазо Миноски од Е.Б.Т.С., како триесетти Владимир Микич – индивидуалец, како триесетичетврта на целта влезе Анета Антовска од Енерџи, освојувајќи го златниот медал во женската конкуренција, триесетидевети Дарко Андреевски, четириесетти Мартин Анастасов – индивидуалци. На големиот маратон со должина од 81 км од вкупно пријавени 14 велосипедисти, Влатко Костадиновски од Е.Б.Т.С заврши како шести.
Со вакви успеси на меѓународни натпревари, Македонија покажува високи резултати во развојот на велосипедизмот што претставува неочекувано изнанадување особено за соседните земји, кои се почесто ги губат високо ценетите места на пиедесталот.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com