Изброени се деновите на македонскиот стратег Ѓоре Јованоски на клупата на ЦСКА Софија. Ваквите најави доаѓаат од сопственикот на “црвените“, Димитар Борисов по поразот од 2-0 на домашен терен од Рапид Виена во Лигата Европа.


– Ќе има промени во ЦСКА, но ќе бидат реализирани по состанокот на бордот на директори на клубот. Воопшто не сум задоволен од нашето издание, наместо од натпревар во натпревар ние да играме се подобро, ние одиме надолу – вели шефот на армејците.

М.П.