Но ако маичката не е бог знае каков проблем, бугарските медиуми наведуваат дека македонскиот тренер нема работна дозвола и нема да може да го предводи тимот на гостувањето во Велс, кај ТНС во првиот натпревар од квалификациите за Лигата Европа.Ништо подобра не е ситуацијата во бугарското првенство каде дисциплинската комисија на федерацијата им се закана со одземање на бодови доколку не го подмират дологот кон менаџерот Мирчо Димитров.
Но и покрај сите проблеми со кои се соочи Јованоски е оптимист дека може да ја доведе титулата во клубот. – Проблемот е чисто психолоши, со две победи до крајот на неделава се` ќе се нормализира. Мојата цел е ЦСКА да на направам шампион, и да презимиме во Лигата Европа. Сакам играчите да покажат карактер и да го оставата срцето на терен – вели за “Тема Спорт“ , Јованоски.
Додека не се комплетира документација тој од трибините ќе диригира со својот тим, а на клупата ќе седи првиот помошник Сашо Борисов.











