Одличен старт на сезоната за охриѓанецот Јован Јованоски кој беше најбрз на куп трката “Салкано“(по УЦИ стандаради) во организација на велосипедскиот клуб “Нови Сад“.

Јованоски кој беше единствениот македонски преставник триумфираше во категоријата кадети.

На купот учество зедоа преку стотина натпреварувачи поделени во различни категории, (елит, мастерс, кадети и јуниори) во машка и женска конкуренција.

М.П.