– Стопанисувањето со паркинзите спаѓа во нашата основна дејност. Засега под јавното претпријатие се само три од паркинзите во градот. Доколку нашето барање се реализира и ни се дадат и останатите паркинг простори со кои во моментов стопанисува концесионер , многу полесно ќе се надминат досегашните проблеми во работењето. Голем дел од средствата остварени од наплатата за користењето на паркинг местата би се вложувале во подобрување на спортската инфраструктура што би овозможило во иднина остварување на дополнителни приходи, вели Јованоска.
Како што информираат од локалната самоуправа, договорот на сегашниот концесионер кој стопанисува со дел од паркинзите во градот истекува во февруари 2012.
Добра волја кај градоначалникот и локалната самоуправа, за да му се даде правото на стопанисување на ЈП Билјанини извори и со останатите паркинзи со кои сега не стопанисува, постои. Сепак, крајниот збор ќе го има советот кој ќе треба да го разгледа барањето на јавното претпријатие и да одлучи дали по завршување на договорот со актуелниот концесионер, со паркинзите ќе стопанисува општината, ќе се распише тендер или пак тие ќе му се дадат на стопанисување на ЈП Билјанини извори.
Засега, Јавното претпријатие стопанисува со јавните паркинзи: кај хотел Ривиера, цвеќарата Мартина и со паркинг просторот на улица АСНОМ.