Со тоа, јавното претпријатие и официјално го презеде стопанисувањето со јавните паркинзи во градот, кои со одлука на локалната самоуправа по истекувањето на договорот со претходниот концесионер уште на крајот на февруари му беа времено дадени на ЈП „Билјанини извори“, по што се чекаше и официјалната одлука на советниците околу понатамошното регулирање на стопанисувањето со јавните паркинзи.
Претходно, под надлежност на јавното претпријатие беа паркинг- просторите кај хотел „Ривиера“, цвеќарата „Мартина“ и паркинг просторите на улица „АСНОМ“ и кај Горна порта.
Од ЈП „Билјанини Извори“ веќе изјавија дека со најголема сериозност ќе се пристапи кон раководењето со доделените паркинзи.
– Претходното искуство и темелното подготвување се гаранција дека функционирањето на јавниот градски простор ќе биде од бенефит за сите граѓани на Охрид. Охридската јавност ќе биде информирана за сите наши активности, како во иднина би воспоставиле партнерски однос со кој ќе се подобри целокупната понуда на паркинг услуги, какви што и сите заслужуваме, изјавија од ЈП „ Билјанини извори“.