Од ЈП. „Билјанини Извори“ информираат дека во текот на наредните неколку денови ќе се изврши чистење на јавните паркинг површини, со кои ќе стопанисува претпријатието.
Станува збор за паркинг- просторот на улиците „Македонски Просветители“ од пресекот на ул.„Булевар Туристичка“ до кружниот тек кај градското пристаниште, дел од улиците „Партизанска“, „Кузман Јосифоски Питу“, „Кеј Маршал Тито“ и паркинг просторот кај Ривиера.












