Поради неовластено узурпирање на Градскиот стадион и предизвикување на материјална штета, ЈП “Билјанини Извори “ ќе  поведе судска постапка проитв ФК Охрид 2004.


На ден 22. 09 2011 година во 15:30 часот ФК Охрид неовластено низ импровизирана дупка на оградата на Градскиот Стадион Билјанини Извори насилно влезе на фудбалското игралиште. За време на нелегитимниот тренинг е направена голема материјална штета – оштетување на новопоставениот бусен – се вели во соопштението на “ЈП Билјанини Извори“

Јавното претпријатие се вели во соопштението благовремено ги имаше известено сите правни спортски субјекти кои го користат градскиот стадион дека за време на редовната акција за замена на бусен, поточно од 01. 09 2011 до 24. 09 2011 година градскиот стадион нема да биде на располагање за одржување на фудбалски тренинг.

На барање на јавното претрпијатие интервенираше СВР Охрид со превземање на одредени дејствија на лице место.

Ohridnews