Поради големиот интерес на компаниите ЈП Билјанини Извори од оваа година (декември 2012) започнува со организирање на Бизнис лига во мал фудбал која ќе се игра во Спортската сала Билјанини Извори.

Лигата ќе ја сочинуваат 16 компании кои ќе играат во лига систем во траење од 3 месеци, значи секој учесник за време на лигата ќе изигра најмалку 15 натпревари. Првите четири екипи ќе учествуваат во големото финале кое ќе се одигра во почетокот на месец март и ќе биде организирано како викенд на Најдобрите 4 екипи.

За  учество во Бизнис лигата потребно е да се уплати котизација од 20.000,00 денари и да се достави список од 12 играчи кои се со статус вработени во компанијата учесник. Пријавувањето на екипите е до 10 декември додека официјалниот почеток е закажан за 15 декември (сабота).

Натпреварите од лигата ќе се одржуваат во сабота и недела од 13 до 17 часот. Како што и доликува за време на лигата ЈП Билјанини Извори ќе ги обезбеди најдобрите охридски фудбалски судии кои ќе бидат делегирани од Општинскиот фудбалски сојуз.

За најдобрите екипи ЈП Билјанини Извори ќе обезбеди награди и тоа пехари за првите четири екипи, дипломи, награда за најдобар играч, голман и стрелец како и за најдобра фер плеј екипа.

Покрај горенаведените награди за првите четири компании ЈП Билјанини Извори ќе им овозможи и бесплатно рекламирање во Спортската сала Билјанини Извори како и користење на бесплатен неделен фудбалски термин.

ЈП Билјанини Извори ги поканува сите заинтересирани за учество во Бизнис лигата да се јават на следниот тел: 075/244-090 и да пријават екипа или да се информираат дополнително за организирањето на Првата Бизнис фудбалска лига во Охрид.

Ohridnews