По повод новогодишните празници, ЈП „Билјанини извори“ организира голема новогодишна забава за деца, во соработка со ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, здруженијата за лица  со попреченост и основните училишта во општина Охрид. Од јавното претпријатие најавуваат богата забава за најмладите охриѓани со многу музика, игра, пеење .

Покровител на новогодишната забава е општина Охрид и градоначалникот Никола Бакрачески.

Настанот ќе се одржи во спортската сала „Билјанини Извори“, на 25- ти декември, среда, со почеток во 18 часот.

OhridNews