Се поизвесно е учеството на Пелитер во регионалната СЕХА лига. Битолчани го потврдија интересот, а нивната сала “Младост“ не ги задоволува нови критериуми за одигрување на натпревари. Најблиско решение за Пелисте е охридската спортска арена, “Билјанини Извори“ која зад себе има успешни организации на ЕП во ракомет 2008, квалификации за ЕП во кошарка.
– Ние зад себе имаме голем број успешн организирани турнири, меѓународни натпревари, мечеви од репрезентации и квалификации и Европско првенство во ракомет 2008 година. Ако се потврди учеството на Пелистер во СЕХА лигата додека им се санира нивната арена тие во Охрид ќе се чувствуваат како дома – потенцираше раководителот на спортската арена, Владо Милошески.
Со евентуалниот приклучување на Пелистер во регионалата ракометна лига Македонија ќе го добие третиот преставник по Металург и Вардар ПРО.
Мх.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com