Од јавното претпријатие Дебрца, во врска со барањата на жителите на Велмеј за дислокација на депонијата, објаснуваат дека локалната власт на чело со Градоначалникот подолг период работи на решавање на овој со децении горлив проблем во општина Дебарца.

– За таа цел на последната седница на Советот на општината е донесена предлог одлука за воспоставување на меѓуопштинска соработка во повеќе области, меѓу кои приоритет е ставен на заштита на животната средина што подразбира и решавање на проблемот со депонирањето на отпад од населените места во општината. Во врска со реакцијата на жителите на село Велмеј истакнуваме дека со дозвола на месната зедница уште со формирањето на ЈП за комунална дејност Дебрца во 2000 година, отпадот се одлага на депонијата кај Велмеј, велат од јавното претпријатие.

Оттаму упатуваат прашање до жителите на Велмеј зошто не реагирале во текот на изминатите 13 години со цел да ја искажат иницијативата.

– Дали ова е политички мотивиран настан од одредени членови на опозицијата кои после повеќе од една година од катастрофалниот пораз на локалните избори се уште неможат да се помират со резултатие, па сега ја обвинуваат сегашната власт за децениското постоење на депонијата? Зошто не реагирале во минатото за тој проблем кои самите го предизвикале со отворањето на таа депонија?, прашуваат од јавното претпријатие.

OhridNews