„На почетокот на мај минатата година, со решение на градоначалникот бев распределен за В.д. директор на Јавното претпријатие „Градски гробишта“. Ситуацијата која ја затекнав беше повеќе од катастрофална од сите апсекти, финансиски неправилности, долгови во висина од 10 милиони денари, неисплатени плати, неипсравен возен парк, нарушени меѓучовечки односи и блокирана жиро сметка“, информира на денешната прес-конференција директорот на ЈП „Градски гробишта“, Зоран Симоноски, давајќи отчет за сработеното заклучно со 31-ви декември 2013 година.
Како што посочи Симоноски, големиот број неправилности и лошотото и недомаќинско работење на претпријатието од минатато, се уште влије врз нормалното тековно, односно понатамошното работење на ЈП „Градски гробишта“.
„Застанвме со тимот што го формирав околу мене, за да заземе правци како понатака да делуваме за да го стабилизираме претпријатието. Прво пристапив кон формирање Комисија за испитување на дотогашното работење, со цел да дојдеме до некоја вистина која придонела за таквата лоша финансиска состојба.“ – вели Симоноски.
Според првиот човек на ЈП „Градски гробишта“, од аспект на финансиски неправилности, меѓудругото комисиите констатирале нефактурирани и неевидентирани околу 10 гробни места во висина од околу 500 000 денари, набавки на стока без тендер, тешко наплатливи 400 000 денари поради неажурност и ненавремено фактурирање спрема еден од погребални оператори за користење инфраструктура, односно печатење пасивни непознати сметки за гробарина во износ од околу 285 840 денари за добивање позитивна, фингирана, завршна сметка.
„Тука се и наследените долгови од 10 милиони денари, од кои ресторански услуги и горива 879 500 денари, по основа на ДДВ и камати 1 700 000 денари, плати и продонеси 2 110 000 денари, долг кон ЕВН 1 200 000 денари, за доверители 4 000 000 денари и ситни долгови кон нотари, адвокати, судски трошоци и камати во висина од околу 200 000 денари. Сите овие наведени финансиски неправилности, кои произлегуваат од недомаќинското работење се соодветно документирани – комисиски – и доставени до надлежните институции.“ – посочи Симоноски.
Тој информира дека со цел намалување на негативните ефекти од недомаќинското работење на претпријатието, воведени се сериозни реформи од аспект на кадровски и структурни прераспределби, односно од аспект на начинот на кој се извршувале работните актвиности.
„Изработени се правилници за работа, ред и дисциплина, процедура за поедини работни места со што се зголемува одговорноста на вработените кои ги извршуваат работните задачи. Целта на ваквите реформи е подобрување на квалитетот на услуги кои претпријатието контуниирано ги дава.“ – информира Симоноски.
Меѓу позначајните реформи, кои како што посочи Симоноски, дале позитивен ефект во финансиското работење на претпријатието, се формирање на наплатно информативен центар во просториите на Градски пазар, изработка на веб-страна, формирање надворешна градежна група која работи по налог на локалната самоуправа и Фондот за комуналец развој, набавка на калапи за изработка на бетонски плочки и рабници, односно украсни столпчиња, откривање и ажурираниње податоци за нови 495 пасивни сметки, реализација на огласи за издавање на тезги за продажба на цвеќе и свеќи, извршување задолжување и наплата на откриените гробни места, евиденција на градежни услуги и влезови кои претходно не биле евидентирани, а во завршна фаза е подготовката на огласот за издавање под закуп на ресторанот од кој минум очекувани приходи се 1 750 000 денари.
„Би сакал да напоменам дека во овој период извршивме намалување на цената на гробните места за 12 проценти, а по иницијатива на локалната самоуправа донесена е одлука на Советот на општина Охрид за намалување на износот на гробарината со почеток од оваа година. Сите овие активности ги дадоа следните резултати и тоа исплата на 4 000 000 денари за стари долгови, плати и придонеси 2 110 608 денари, подмирен долг кон ЕВН во висина од 310 141 денари, обврска кон УЈП 1 780 286, обврски кон доверители 561 432, кон стари членови на УО и НО 80 560 денари, а со спогодба и договори со правни и физички лица избегнати се долгови во висина од 200 000 денари.“ – посочи Симоноски.
Тој додаде дека засега остануваат половина од старите долгови на претпријатието, со надеж дека до крајот на календарската година ЈП „Градски гробишта“ ќе дојде на позитивна нула.
„Би сакал од мое лично име и од име на раководниот тим, да му се заблагодарам на градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, службите во локалната самоуправа и раководните тимови на сите други јавни претпријатија, кои во голема мера ми помогнаа во решавање на проблемите и подобрување на состојбата во Јавното претпријатие.“ – заврши Симоноски.
О.Т.