ЈП Градски Пазар изгради пристапни рампи за лицата со инвалидитет а обезбеди и паркинзи за оваа категорија граѓани.
– Беше повеќе од неопходно да се направат пристапни рампи до објектите во сопственост на ЈП Градски пазар , за лицата со инвалидност. Рампите направени до продажните места за текстил и продажното место за производи од животинско потекло јајца и сирење ќе им овозможат еднаков пристап на сите граѓани на Охрид, вели директорот на јавното претпријатие,Тони Коталески.
На паркинг просторот со кој стопанисува ЈП Градски Пазар, веќе е извршено обележување на просторот наменет за лицата со инвалидност, со што за оваа категорија граѓани се обезбедува слободно место во секое време од денот.
ЈП Градски Пазар двата проекти ги спроведе во координација со Локалната самоуправа и со помош на ЈП Нискоградба – Охрид и ЈП Градски Гробишта.
OhridNews