По повод претстојните празници, „Православна нова година“ и Богојавление-Водици, граѓаните, месните одбори, урбаните заедници и другите организации ќе можат бесплатно да користат тезги, кои за овие потреби сакаат да ги постават во нивните средини, за што навремено ќе треба да се пријават во ЈП, информира директорот на ЈП „Градски Пазар“, Тони Коталески, во име на менаџерскиот тим на претпријатието и локалната самоуправа.

Исто така, ова јавното претпријатие деновиве изврши санирање на партерот, во и околу градскиот пазар во Охрид, со цел на потрошувачите да им се овозможи подобар пристап до тезгите.

„Беа извршени соодветни градежни работи, со што и корисниците на тезги – нашите коминтенти, поуспешно ќе ја извршуваат нивната дејност, но и потрошувачите полесно ќе доаѓаат до нив.“ – вели директорот Тони Коталески.

OhridNews