Ј.П. Колекторски систем ги известува корисниците дека ќе започне со покренување правна постапка против сите корисници кои ги немаат подмирено своите обврски кон претпријатието заклучно со 2021 година.
Се известуваат сите корисници на услуги на Ј.П. Колекторски систем од Општините Охрид и Струга кои ги немаат подмирено своите обврски за колекторски услуги, заклучно со 2021 година, дека согласно Законот за Облигациони односи поради застарување на долговите, должни сме да отпочнеме со правна постапка односно оптужување на сите корисници кои ги немаат подмирено своите обврски без разлика на висината во законскиот предвиден рок ,по нивно предходно писмено опоменување за неподмирен долг, се вели во дописот до медиумите од претпријатието.
Од таму апелираат до корисниците на колекторски услуги во најбрз можен рок да ги подмират своите обврски.
OhridNews












