
Континуирано, во саботите, се организираат и акции за подигање кабаст и зелен отпад, кои се точно прецизирани по датуми и реони.
– Но се е безуспешно, зошто постојано се повторуваат истите грди слики со расфрлан кабаст отпад, зелен отпад и градежен шут. Не очекуваме и оваа година Комуналната инспекција да го реши овој проблем, иако во општинскиот буџет се предвидени средства за оваа намена, велат од јавното претпријатие.












