Советниците дадоа амин за задолжување на ЈП “Охридски Комуналец ” со долгорочен кредит во „Охридска банка“.

Како што објасни првиот човек на ова јавно претпријатие, Сашо Алчев, кредитот ќе служи за враќање на старите обврски по основ на кредити.

Досега ЈП Комуналец користеше револвинг кредит, кој во текот на последниве две години беше  искористен само еднаш, за плаќање на обврски кон Управата за јавни приходи. Менаџерскиот тим одлучи дека повеќе не е потребно користењето на револвинг  кредит и се одлучивме за репрограмирање на долгот , објасни Алчев.

Кредитот е во висина од 5 милиони и 300 илјади денари, а во наредните три години ќе се отплаќа со месечни рати од 480. 000 денари. 

OhridNews