По налог на Општина Охрид, а поради почетокот на училишната година , екипите на ЈП Комуналец деновиве интензивно ги уредуваат дворовите на основните и средните училишта во Охрид, музичкото училиште “Методи Патчев” и градинките.


Просторите во и околу училишните дворови се чистат и хортикултурно се уредуваат, се засадуваат садници, се коси тревата.


Ј.П.”Охридски Комуналец” донира и постави и корпи за отпадоци околу училишните објекти.

OhridNews