По претходно даден налог од страна на комуналната инспекција, екипите на Ј.П.”Охридски Комуналец” извршија чистење на наносите од тиња од езерото во крајбрежниот појас, пред хотелот Милениум.

Чистењето, подигањето и транспортот на наносите од тиња се изведуваше со специјална механизација- ровокопач  и два камиони.

При тоа се подигнати околу 20 метри кубни тиња.

OhridNews