Со најголема одговорност тврдиме дека екипите на „Јавна Хигиена„ и „Услужна Хигиена„ се максимално ангажирани и ажурно и квалитетно ги изведуваат, како тековните, така и голем број  вонреднии активности, со цел степенот на јавна хигиена и одржување на јавно зеленило да е ниво како што му доликува на Охрид, како наш најголем туристички потенцијал, се наведува во реакцијата од ЈП Охридски комуналец по изјавата на екс директорот на претпријатието, Сашо Алчев, околу одржувањето на комуналната хигиена и уредувањето на јавните површини во стариот дел од градот.


Од јавното претпријатие потенцираат дека на одржувањето на јавната и услужната хигиена во стариот дел од градот се обраќа посебно внимание.


– На  секоја улица е извршено косење, метење, подигнат е шут и друг вид отпад.  Улиците „Коста Абраш„ , „Илинденска„, „ Цар Самоил„ и „Кузман Капидан„ се третираат секојдневно, а  другите улици од стариот дел од градот спаѓаат во втора и трета категорија, според Програмата за работа за 2013 год, додаваат од јавното претпријатие.

OhridNews