Состојбата со одржувањето на јавната чистота на паркинг-просторите и понатаму не се менува, велат од ЈП Комуналец.

– Надлежните останаа глуви на нашите барања за одржување на јавната чистота на паркинг-просторите во градот со кои стопанисуваат други правни субјекти.  Ниту претпријатието кое стопанисува со паркинг-просторите на територијата на Општина Охрид, ниту самите закупци , ниту пак комуналната инспекција, го спроведуваат Законот за јавна чистота на овие јавни простори, потенцираат од јавното претпријатие.


Станува збор за паркинг- просторите кај  хотелот Ривиера, “Стара нама” и кај Горна порта.

Од Ј.П.”Охридски Комуналец” објаснуваат дека нивните екипи би ја одржувале хигиената на јавните површини чија намена е паркирање, само по налог на Комуналната инспекција или пак доколку субјектот кој стопанисува со паркинг просторот не е во можност да ја одржува јавната чистота.

OhridNews