По налог на Општинскиот инспекторат, Ј.П.”Охридски Комуналец” спроведе акција за расчистување на Урбана заедница “Билјанини Извори” во комплексот згради на ул.”Никола Карев”.
– Беше избран ден од викендот кога повеќето жители од оваа населба се во своите домови, со цел да се делува едукативно во подигнување на еколошката свест кај самите жители, затоа што населбата е нивно катче, а Ј.П.”Охридски Комуналец” не може да исчисти, колку што самите граѓани можат да загадат, велат од јавното претпријатие.
Оттаму, потсетуваат дека чистењето на дворните површини околу колективните станбени објекти, согласно законот за Јавна чистота, не е обврска на Ј.П.”Охридски Комуналец” , бидејќи истите не спаѓаат во јавни површини.
Во рамки на акцијата подигнати беа околу 40 вреќи отпад.
OhridNews