Во акцијата спроведена викендов од страна на ЈП Комуналец, во населбата “Гоце Делчев” (позната како “Бараки”) и улицата “Момчило Јорданоски” со споредните улици, подигнати биле 9 метри кубни кабаст и зелен отпад.


Од јавното претпријатие потенцираат дека се задоволни од одзивот на граѓаните и со цел да им излезат во пресрет и на останатите жители на Охрид, информираат дека ќе продолжат со организирањето на ваквите акции.


За следниот викенд најавуваат подигање кабаст отпад во стариот дел од градот.

OhridNews